Дома Останати Кошарка НБА Видео: Стеф Кари го виде Бостон и „полуде“ – спектакуларно дерби!

Видео: Стеф Кари го виде Бостон и „полуде“ – спектакуларно дерби!

Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА лигата, а во центарот на вниманието секако беше пресметката помеѓу Голден Стејт и Бостон, која има припадна на „воините“ (109:105).

Лидерите во Истокот и Западот одиграа спектакуларен натпревар, а ѕвезда да на вечерта беше Стеф Кари кој постигна неверојатни 49 поени, од кои 13 беа во последните 100 секунди.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


При резултат 95-95, Кари погоди тројка и шут за два за да ги однесе „Воините” на 100-95, а остана и смирен од линијата за слободни, реализирајќи осум од осум во завршните минути. Кајри Ирвинг беше прв стрелец во редовите на Селтикс со 37 поени.

Неизвесно беше и на мечот меѓу Денвер и Далас кој заврши со минимална победа на домаќините од 91-89, меч во кој Никола Јокиќ го забележа својот втор „трипл-дабл“ во кариерата со 11 поени, 16 скокови и 11 асистенции.

Резултати:
Индијана – Орландо 114:112
Атланта – Вашингтон 104:129
Мајами – Шарлот 95:91
Голден Стејт – Бостон 109:105
Денвер – Далас 91:89
Минесота – Бруклин 111:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…