Дома Трансфер зона Изненадување на Мурињо за КРАЈ на трансфер периодот: Пристигнува играч за врска за 40 милиони

Изненадување на Мурињо за КРАЈ на трансфер периодот: Пристигнува играч за врска за 40 милиони

Манчестер Јунајтед во актуелниот трансфер период го доведе Алексис Санчез од Арсенал, а Чилеанецот дебитираше синоќа против Јеовил во рамките на ФА Купот.

Сепак, работата на Јунајтед во сегашниот трансфер период се уште не е завршена. Како што пренесува „Rai Sport“, претставниците на играчот за врска на Наполи, Жоргињо се наоѓаат во Манчестер, каде што преговараат со Јунајтед околу трансферот на својот клиент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Жоргињо оваа сезона е стандарден во дресот на Наполи, запиша 18 настапи во Серија А, постигна два гола и запиша три асистенции. Овој 26-годишен фудбалер од стартот на својата кариера е во Италија, започна во Верона, за по четири години да се пресели во Наполи (2014. година).

Вистината на надоместот не е позната, но се шпекулира за сума од 40 милиони евра, останува да видиме дали трансферот ќе успее да се финализира во овие преостанати неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…