Дома Топ вести Навивачите го исвиркуваат, а Бензема веќе договори спектакуларен трансфер

Навивачите го исвиркуваат, а Бензема веќе договори спектакуларен трансфер

Флорентино Перез спрема голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид следното лето, а многу од сегашните ѕвезди ќе си заминат од „Сантиаго Бернабеу“.

Карим Бензема е само еден од нив. Французинот оваа сезона игра во очајна форма, навивачите постојано го исвиркуваат, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Француските медиуми пренесуваат дека Бензема веќе се договорил со својот нов клуб, а станува збор за Пари Сент Жермен.

Имено, „светците“ во Бензема гледаат идеална замена за Едисон Кавани. Уругваецот поради честите расправии со Нејмар го известил раководството дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Раководството на ПСЖ веќе стапило во контакт со агентите на Бензема и наводно напаѓачот дал зелено светло за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…