Дома Фудбал Италија Јунес откри зошто го избрал Наполи!

Јунес откри зошто го избрал Наполи!

Амин Јунес е нов фудбалер на Наполи, откако италијанскиот клуб за неговиот потпис му плати 5 милиони евра на Ајакс.

Крилниот напаѓач за холандските медиуми ја откри причината зошто го избрал токму Наполи, иако за него интерес покажаа уште Интер, Зенит, Севиља и Свонси.

„Кога ќе го напушташ Ајакс треба да заминеш во клуб кој е на истото ниво. За мене Наполи е италијанскиот Ајакс. Тимот игра атрактивен напаѓачки фудбал, па треба само да се приспособам на новиот јазик. Имаше интерес за мене и од други клубови, но јас сум сигурен дека го направив вистинскиот избор“, истакна Јунес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Причината поради која Габриел го напушта Јунајтед ќе ги заболи сите навивачи: Тоа не се простува

Во последните десетина дена, една од главните фудбалски приказни е младиот 15-годишен фудб…