Дома Топ вести На Нејмар му е доста од Париз: Бразилецот е спремен и на намалување на платата само да си оди во Реал

На Нејмар му е доста од Париз: Бразилецот е спремен и на намалување на платата само да си оди во Реал

Францускиот „L`equipe“ тврди дека Бразилецот е подготвен да си замине и да се врати во Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најскапиот фудбалер во историјата е подготвен да прифати и значително намалување на платата која ја има во ПСЖ што во моментов му изнесува 38 милиони евра годишно.

Реал за неговото доаѓање би ја активирал откупната клаузула од 249 милиони евра, што е за 27 милиони повеќе од неговиот рекорден трансфер во ПСЖ минатото лето.

Постои опција, тврди „Direct TV Sports“, ПСЖ да го пушти Нејмар, но под еден услов – Бразилецот на Параижаните да им ја донесе титулата во Лигата на Шампионите. Од каде Реал толку пари? Споменатиот француски медиум тврди дека европскиот и шпанскиот шампион има 130 милони евра од продажбата на играчи, а уште 140 од двете последователи освени титули во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…