Дефанзивецот на Атлетик Билбао, Енерик Лапорте веќе може да се смета за ново засилување на Манчетер Сити, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот медиум „Кадена Коп“ исто така соопшти дека официјализацијата на трансферот се очекува во следните неколку часа.
Лапорте денес треба да пристигне во Англија ни да ги помине медицинските прегледи, а потоа ќе потпише петгодишен договор со Манчестер Сити. Преставници на „граѓаните“ се веќе во Шпанија и го известиле Атлетик Билбао дека ќе биде платена откупната клаузула која изнесува 65 милиони евра.
Францускиот репрезентативец е голема желба на тренерот Пеп Гвардиола, а со реализација на трансферот, Лапорте ќе стане вториот најскап дефанзивец на сите времиња, веднаш после Ван Дијк.