Македонската фудбалската репрезентација денес ги доби противниците во новоформираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
На ждребот кој се одржа во Лозана, Македонија се најде во Групата 4 заедно со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Победниците на четирите групи од Лигата на нации потоа ќе играат плеј-оф за едно место на Европското првенство, секако доколку претходно преку квалификациите не обезбедиле учество на континенталниот собир.
Лигата на нации ќе претставува втор филтер за место на Европското првенство во 2020 година, па со оглед на противниците Македонија има историска шанса да избори пласман на ЕП.
LEAGUE D ✅#NationsLeague
? https://t.co/qvCl76dWvT pic.twitter.com/cZB7T7hNML
— UEFA Nations League (@UEFAEURO) January 24, 2018
Натпреварите ќе се играат во термити кои беа предвидени за пријатлски натпревари или, 6-8 септември (1. коло), 9-11 септември (2. коло), 11-13 октомври (3. коло), 14-16 октомври (4. коло), 15-17 ноември (5. коло) и 18-20 ноември (6. коло).
Група 1: Грузија, Летонија, Казахстан, Андора.
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино.
Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово.
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар.