Дома Македонски спорт Мак ракомет ШТЕТА: Македонија испушти шанса за историја и полуфинале, Манасков трагичар за црвено-жолтите

ШТЕТА: Македонија испушти шанса за историја и полуфинале, Манасков трагичар за црвено-жолтите

Македонската репрезентација ја загуби и последната надеж за полуфинале, запишувајќи пораз во неверојатниот меч против селекцијата на Чешка со 25:24

Во првото полувреме Македонската репрезентација веднаш ја наметна контролата и желба да се добијат бодови вредни речиси полуфинале.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Најдобриот чешки ракометар беше сопрен на само еден гол, а Македонија на полувреме замина со 13:11 предност, во минути кога Македонија создаде предност и до пет погодоци.

Во второто полувреме, нашата селекција потфрли во одбраната, па почнаа лесно да реализираат Чесите.

Во 57. минута, Чешка за првпат стигна до водство 24:23, па пулените на Гонзалес беа принудени да бркаат реми, и да се обидат да дојдат до пресврт.

Сепак, на крајот, заврши се чини европската бајка за македонската селекција.

Во таборот на нашата селекција, најефикасен беше Филип Талески со постигнати 5 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…