Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа испиша историја: Жена претседател го презеде прволигашкиот клуб!

Победа испиша историја: Жена претседател го презеде прволигашкиот клуб!

За првпат во историјата на македонскиот фудбал, жена ја презеде претседателската функција во клуб.

Имено, станува збор за Ирена Јакимоска, која е косопственичка на „Комфи Ангел“, а е поставена за в.д. претседател на Победа од Прилеп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клубот по денешниот состанок донесе одлука на местото на Гоце Ингилизов кој досега раководеше со клубот, привремено да ја назначи на таа позиција Јакимоска.

Победа вечерва најави дека утре во 18 часот на прес-конференција ќе објави повеќе информации од состанокот, новиот претседател и новите клупски активности по промените што се случуваат во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Традицијата е против Рашфорд: Покажува дека нема да успее во Барса, еве и зошто!

Барселона ова лето го доведе Маркус Рашфорд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед…