Дома Фудбал Френк Лампард започнува тренерска кариера и тоа во Англија?

Френк Лампард започнува тренерска кариера и тоа во Англија?

Само една година откако ја заврши играчката кариера, Френк Лампард би можел да започне тренерска кариера.

Лампард минатата година објави дека и официјално ја завршува својата богата играчка кариера, а сега би можел да започне да работи како тренер.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека анлгиксиот третолигаш Оксфорд е спремен местото на клупата да му го понуди на легендарниот Англичанец.

При објавувањето за негово пензионирање, Лампард најави дека има намера да започне тренерска кариера, па ова за него би можела да биде одлична шанса за почеток.

Иначе, Оксфорд во овој момент се наоѓа на 10 место во третото по ранг натпреварување во Англија (Лига еден)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …