Дома Топ вести Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е само прашање на време и тоа е јасно.

„Дејли Мирор“ како последна информација најавува дека Санчез до крајот на денот ќе ги заврши медицинските прегледи во Манчестер и ќе потпише договор со „ѓаволите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што дознава „Мирор“ Санчез во текот на изминатата вечер го напуштил хотелот каде што се наоѓале фудбалерите на Арсенал со цел да го заврши трансферот во Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, во спротивен правец се очекува истото да го направи и Михтаријан кој во текот на вчерашниот ден се збогуваше со соиграчите од Јунајтед и беше изоставен од тимот на „ѓаволите“ за натпреварот овој викенд.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…