Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за заминувањето на одличниот Чилеанец.
„Сапуницата“ која трае околу Алексис Санчез би можела да го дочека својот крај веќе во текот на денешниот ден. Одличниот Чилеанец ги договори условите со Манчестер Јунајтед, а Арсен Венгер го најави неговото заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашите навивачите знаат дека не сакаше да го продолжи договорот и тоа мораат да го прифатат како и фактот дека оваа зделка нема да биде едносмерна“, изјави Венгер алудирајќи на трансферот на Михтаријан кој се очекува да пристигне на „Емирати“.
Секако, целата оваа ситуација потсети на онаа кога Робин Ван Перси го напушти Арсенал и премина во редовите на „ѓаволите“.
„Го доведовме Ван Перси уште додека беше во младинскиот тим на Фејенорд и многу работевме заедно. Поради тоа заминувањето на Санчез е помалку болно од она на Ван Перси“, изјави Французинот.