Македонскиот интернационалец, Бобан Николов е официјално нов член на Видеотон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Доскорешниот член на Вардаровиот состав, одлучи својата кариера да ја продолжи надвор од Македонија. За него најзаинтересиран беше токму Видеотон.
„Среќен сум што потпишав договор со Видеотон. Дојдов тука за да освојувам трофеи и се надевам дека ќе дадам полн придонес во наредниот период во новиот дрес. Благодарност и до мојот досегашен клуб Вардар, со кој имав многу убави мигови и исто така освојувавме титули, а изминатава есен игравме и во групната фаза од Лигата на Европа. Сега за мене доаѓа време на нови предизици и ќе се потрудам максимално да ги оправдам очекувањата“, истакна Николов на неговата промоција во новиот дрес.