Трансферот на Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед веројатно е само прашање на време, тоа можеше да се заклучи и од последната изјава на Арсен Венгер.
Чилеанецот беше на чекор од заминување и во текот на летото, тогаш како и на стартот на овој преоден рок фаворит за негово доведување беше Манчестер Сити, но сега подоцна во трката се вклучи Јунајтед кој најверојатно и ја добива битката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доколку Санчез остане наш играч ќе игра во сабота. Во фудбалот сум 30 години и знам како одат работите, неговиот трансфер е блиску до реализација и најверојатно ќе се реализира, но ваквите работите никогаш не можете да кажете дека 100% сигурни“, изјави Венгер.
Покрај оваа изјава на Венгер голем број англиски медиуми утрово пренесуваат дека трансферот на Санчез ќе биде завршен до крајот на денот, а во спротивен правец би тргнал Михтаријан кои според некои извори во Лондон ќе заработува 175.000 фунти неделно.
The contracts for Henrikh Mkhitaryan and Alexis Sánchez's transfers are being prepared today. (Source: Guardian) pic.twitter.com/Dt8grM5k8M
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2018
Henrikh Mkhitaryan is set to become Arsenal’s highest-paid player on around £175,000-a-week. (Source: London Standard) pic.twitter.com/xmqNo9fkaM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2018