Од поодамна не сме виделе толку лоша судиска претстава како на натпреварот помеѓу Челзи и Норвич 1:1 (5:3) во вториот натпревар од третото коло во ФА Купот.
Челзи помина тешко. Откако првиот натпревар аврши без победник 0:0, следуваше „реприза“ на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој натпревар, Челси поведе во 56 минута од натпреварот со голот на Мичу Батшуаи, но во судиското продолжение Жамал Левис погоди за изедначување и продолженија.
Токму тука следуваше вистинска дарам во режија на судијата Грахам Скот. Во 92 минута му додели жолт картон на Вилијан поради симулирање во казнетиот простор на гостите, иако во текот на преносот, а посебно после успорената снимка можеше да се забележи дека офанзивецот на „сините“ беше фаулиран. Судијата погреши и тоа е јасно, но навистина е неверојатно, како неговиот видео асистент не му сигнализираше ништо.
Темпераментниот тренер на Челзи, Антонио Конте на ова целосно полуде и до крајот на продолжението, но и подоцна не престануваше жестоко да му приговара на судијата.
Дека беше во право и дека судијата погреши покажува признанието на Тим Колсе, дефанзивецот на гостите. Тој после натпреварот потврди дека неговиот старт над Вилијан бил за пенал.
LISTEN @NorwichCityFC defender Timm Klose admitting to me after the game last night VAR got it wrong and his challenge on Willian was a penalty https://t.co/cA2xaT5w0u pic.twitter.com/tmON1jeWut
— Ian Abrahams (Moose) (@BroadcastMoose) January 18, 2018