Дома Ракомет Рутински Данска славеше над Шпанија во последниот меч од групната фаза

Рутински Данска славеше над Шпанија во последниот меч од групната фаза

Данска ја оправда улогата на фаворит и доста лесно стигна до победа над Шпанците.

На почетокот на средбата се играше гол за гол, за потоа избраниците на Николај Јакобсен да ја презедат предноста.

Имаа Данците поволен прв дел и три гола позитива, но Шпанија по заминувањето на одмор ја намали негативата на само еден гол. На полувреме се замина со предност на Данска ос 14:13, а со почетокот на вториот дел Шпанците стигнаа и до изедначување.

Сепак, тоа беше се што видовме од Шпанците, со оглед на тоа дека Данска повторно ја презеде предноста и сигурно ја чуваше до самиот крај.

Најефикасен во редовите на Шпанија беше Алекс Душебаев со шест постигнати погодоци, додека кај Данците се издвои Кристенсен со постигнати осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ ја носи Лигата на шампионите во Берси: На нишан е францускиот рекорд

Дуелот со Фуксе Берлин на 3 март 2027 година ќе биде прв натпревар на ПСЖ во Лигата на шам…