Дома Фудбал Англија Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Николас Отаменди е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити сезонава, па раководството на „граѓаните“ го награди со нов договор.

Отаменди до сега за Манчестер Сити има одиграно 118 натпревари, а денес се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2022 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако клубот не ги откри финансиските детали, медиумите на Островот пренесуваат дека Аргентинецот добил значително зголемување на платата.

29-годишниот Отаменди на „Етихад“ пристигна во 2015 година од Валенсија, а оваа сезона е стандарден во првиот тим и пропушти само еден натпревар во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид направи голем финансиски подвиг вреден 300 милиони евра!

Реал Мадрид вчера претрпе пораз во петтото Ел Класико од последните шест меча со Барселона…