Трансфер сагата околу Алексис Санчез сеуште не е завршена, а главниот виновник што тој не е во Јунајтед е Хенрих Мхитарјан.
Алексис се договори со Манчестер Јунајтед каде неделно ќе заработува 400.000 фунти, но проблем се јави во преговорите помеѓу Јунајтед и Арсенал. Топџиите сакаат во спротивен правец да дојде Мхитарјан, но Ерменецот сеуште не донел одлука дали да го напушти Олд Трафорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа денеска го потврди и неговиот агент Мино Раиола кој изјави дека е вистина што трансферот на Алексис во Јунајтед го кочи Хенрих Мхитарјан. Чилеанецот ќе дојде на Олд Трафорд само во случај Ерменецот да одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Арсенал.
„Манчестер Јунајтед нема да го донесе Алексис доколку Хенрих не се договори со Арсенал. Сеуште нема донесено одлука и сигурен сум дека ќе го направи она кое е најдобро за него. Има договор до лето 2020. година и тоа ќе биде само негова одлука.“ – изјави Раилоа.