Штотуку се врати по повредата на задната ложа, Дембеле се пожали на неудобност и болки на левата нога по мечот против Реал Сосиједад.
Францускиот интернационалец во редовите на Барселона пристигна во август изминатата година за 105 милиони евра од Дортмунд, меѓутоа пропушти голем број на натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дембеле доживеа тешка повреда на самиот почеток на сезоната. Сега има мал проблем, кој е близок со претходниот. Не сум разговарал со него. Идејата е постепено да го воведеме во игра. Не треба да правиме нешто големо од тоа“, истакна Валверде и додаде:
„Не сум сигурен дека Умтити ќе може да заигра, но би требало наскоро да биде подготвен. Јери Мина се уште не е официјално нас играч, така што нема да игра“.
Валверде потоа се осврна на мечот против Еспањол во рамки на четвртфиналето од Купот на Кралевите, кој се игра во среда.
„Нашиот следен ривал е во добра форма. Не смееме ниту на момент да се опуштиме. Треба да бидеме концентрирани, за да се пласираме во полуфиналето“, истакна шефот на стручниот штаб на Каталонците.