Дома Фудбал Останато Видео: Суспендиран судијата кој го удри и го исклучи фудбалерот на Нант

Видео: Суспендиран судијата кој го удри и го исклучи фудбалерот на Нант

Последниот натпревар од 20 коло во францускиот шампионат помеѓу Нант и ПСЖ го обележи неверојатниот потег на судијата Тони Чапрон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чапрон во последните моменти од натпреварот го исклучи домашниот дефанзивец Диего Карлос кој случајно го собори.

Карлос случајно го турна судијата, а Чапрон поради тоа му покажа втор жолт картон и го исклучи. Освен тоа се обиде и го удри со нога но го промаши.

Бразилецот не можеше да поверува дека за него натпреварот е завршен, а на трибините полуде и претседателот на Нант Валдемар Кит.

Откако ја прегледа снимката Чапрон ја призна грешката. Сојзуот привремено го суспендираше, а му се заканува и подолга казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…