Дома Топ вести Наинголан ја напушта Рома за 50 милиони и станува еден од најплатените во светот

Наинголан ја напушта Рома за 50 милиони и станува еден од најплатените во светот

Ѕвездата на Рома и еден од најдобрите фудбалери во Серија А, Раџа Наинголан е на чекор да го комлетира трансферот од 50 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.

Имено, кинескиот шампион Гуангжу Евергранде веќе постигна договор со „волчицата“, која се согласи да го продаде Наинголан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Белгија ќе се пресели како позајмен фудбалер во тимот предводен од Фабио Канаваро, а кинескиот клуб ќе има обврска до јуни да и истплати на Рома 50 милиони евра за трансферот.

Притоа, Наинголан во Кина ќе заработува 12 милиони евра по сезона и ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.

Рома се одлучи на ваков чекор после бројните проблеми кои Наинголан ги правеше надвор од теренот. Последно Белгиецот беше казнет поради видеото на кое се гледа како пие алкохол и пуши цигари.

Наинголан во редовите на Гуангжу треба да биде замена за Паулињо кој минатото лето се пресели во Барселона за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…