Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија фуриозно ги запиша првите бодови против фаворизираната Словенија

Македонија фуриозно ги запиша првите бодови против фаворизираната Словенија

Македонската ракометна репрезентација успеа да слави во првото коло на ЕП во Хрватска, против фаворизираната, но и ослабена Словенија со 25:24.

Во првото полувреме, контролата над играта иако не премногу беше на страната на Словенците. Создадоа стартна разлика од 3 гола, која во рамките ја оддржуваа до самиот финиш на првиот дел. Македонија забележа многу неискористени зицер позиции, а кон подобро тргна во моментот кога на нашиот гол се разбрани втората опција на Гонзалес, Никола Митревски. Во последните минути пак, Македонија ја презема инцијативата, по што дојде до фантастични позиции за иразмнување на паузата на 11:11.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со почетокот на вториот дел, Македонија го задржа трендот на висок квалитет на игра, по што направи серија од 3:0, а веднаш потоа и во два наврати создаде четири гола позитива. Од средината на второто полувреме, балканските ривали играа гол за гол,  се до завршницата на мечот. На голот на македонската репрезентација се врати Ристовски, кој по одморот на клупата запиша одлична серија интервенции. Поиздржлива во ова балканко дерби беше Македонија која на крајот успеа да го добие овој епски меч.

 

Фото извор: Филип Вирановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…