Манчестер Сити може да се откаже од Алексис Санчез иако до пред неколку дена се тврдеше дека Чилеанецот со сигурност ќе се пресели на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми.
Причината за тоа е што „граѓаните“ не се спремни да ја платат сумата која Арсенал ја бара да го ослободи Санчез во јануарскиот преоден рок. Имено, „топџиите“ бараат 35 милиони фунти, а агентот на фудбалерот треба да добие дополнителни 5 милиони, што значи дека општата сума изнесува 40 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред два дена Манчестер Јунајтед изненадувачки влезе во битката за потписот на Санчез и достави понуда од 25 милиони фунти, притоа „црвените ѓаволи“ се спремни да го платат и процентот за агентот од 5 милиони фунти.
„Граѓаните“ не сакаат да платат толкава сума, па во моментов клубот од „Олд Трафорд“ е фаворит за потписот на Чилеанецот.
Жозе Мурињо вчера изјави дека клуб како Манчестер Јунајтед мора да се обиде да ангажира таков фудбалер, доколку тој биде на трансфер пазарот.