Дома Фудбал Вакво нешто на Меси НЕ му се случило 10 години!

Вакво нешто на Меси НЕ му се случило 10 години!

Лионел Меси со два погодоци во победата од 5:0 беше предводник на Барселона во реваншот од 1/16 финалето на шпанскиот куп.

Покрај Меси одличен беше и Жорди Алба кој за прв пат во кариерата учествуваше во три погодоци на еден натпревар, со еден постигат и два наместени.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Луксуз е да се игра со Лео, тој е најдобар во светот и во историјата .Секогаш бараме начин да соработуваме заедно и да постигнуваме погодоци, секогаш одлично соработуваме“, изјави левиот бек на вчерашниот натпревар.

Меси со овој учинок само потврди колку му лежи ова натпреварување во кое на последните 14 натпревари учествуваше во дури 24 погодоци за својот тим. Имено, просечно постигнувал по еден погодок на натпревар (14), но и додаде десет асистенции.

Натпреварот против Селта беше интересен и поради уште еден детал. Иако Меси уште еднаш докажа дека е во топ форма, навивачите на „Ноу Камп“ веројатно останаа зачудени кога Ернесто Валверде во 59 минута го замени Лионел Меси, што е прв пат после десет години (без да станува збор за повреда).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Црна Гора: Хулигани нападнале хрватски навивачи, им го искршиле комбето! (Фото)

Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезен…