Дома Актуелно Место да игра за својот Динамо, навиваше за Јувентус и така си го „потпиша“ отказот!

Место да игра за својот Динамо, навиваше за Јувентус и така си го „потпиша“ отказот!

Рускиот напаѓач, Павел Погребњак наскоро ќе стане слободен фудбалер бидејќи неговиот клуб Динамо одлучи да ја прекине соработката.

Клубот одлучи да го отпушти бидејќи место да игра за својот тим Погребњак заминал во Торино да го гледа дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


И не само да го гледа тој таму бил во улога на навивач на италијанскиот шампион.

Неговиот Динамо на тој 9 декември играше против Анжи во директна борба за опстанок. Неговиот брат Кирил на друштвените мрежи се пофали дека го гледа дербито и тоа Павел скапо го плати.

„Клубот започна истрага. Динамо играше натпревар на денот кога Погребњак беше во Торино и со тоа го прекрши клупскиот правилник. Поради тоа ќе го раскинеме договорот“, порачаа од клубот.

Динамо успеа да го победи Анжи со 2:0 и така да излезе од опасната зона после 20 коло, а за жал на Павел Јувентус и Интер одиграа 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…