Како што пренесуваат италијанските медиуми турскиот шампион Бешикташ е спремен на се за да го доведе Марио Манџукиќ во своите редови, но Јувентус нема намера да го пушти својот „војник“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бешикташ неодамна остана без Ченк Тосун кој е продаден во Евертон, а раководството на истанбулскиот гигант во Манџукиќ гледа идеална замена.
Турскиот клуб доставил нова понуда до Јувентус, но италијанскиот шампион експресно ја одбил истата, а и самиот фудбалер не е заинтересиран за преселба во Турција.
Сепак, Бешикташ нема да се откаже и наскоро ќе испрати нова побогата понуда до Манџукиќ, како и ветување дека ќе игра на неговата омилена позиција, во центарот на нападот.