Дома Фудбал Италија Рома потврди: Наинголан ќе игра против Интер

Рома потврди: Наинголан ќе игра против Интер

Еден од најдобрите фудбалери на Рома, Раџа Наинголан ќе се врати во групата за дербито против Интер кое на програмата е на 21-ви јануари, потврди тренерот на „волчицата“, Еусебио ди Франческо.

Белгиецот беше надвор од тимот за последниот меч против Аталанта поради скандалот кој го предизвика за Нова година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тогаш Наинголан пушти видео клип на социјалните мрежи и предизвика големо внимание бидеќи беше пијан, пушеше цигари и пцуеше.

„Немаме проблеми со Наинголан, тој е тука со нас и сигурно ќе игра против Интер. Им се извини на сите и вети дека повеќе нема да прави такви работи, но мора да биде казнет. Тоа е веќе позади нас, сега одиме понатаму“, изјави Ди Франческо.

Наинголан оваа сезона одигра 21 натпревар за Рома на кои постигна 2 гола и запиша 4 аситенции, но неспорно е дека е еден од најважните играчи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…