Реал Мадрид спрема голема реконструкција на тимот следното лето, а медиумите уште сега лецитираат со имиња кои можат да пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“.
Не е тајна дека „кралевите“ силно го посакуваат напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Шпанските медиуми тврадат дека преговорите се веќе во напредна фаза и Англичанецот избрал број кој сака да го носи следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Диарио Гол“ пренесува дека Кејн ја побарал „десетката“ која моментално ја носи Лука Модриќ. Напаѓачот дресот со ист број го носи и во Тотенхем, тоа е неговиот омилен број, и не е сака да се откаже од него.
Наводно Модриќ нема да прави никакви проблеми бидејќи и самиот сака на лето да ја промени средината, а како можни дестинации се споменуваат Англија и Италија.
Што се однесува до Кејн, Тотенхем сигурно нема да го пушти за помалку од 180 милиони евра, па поради тоа Перез е спремен во целиот договор да го вклучи и Герет Бејл.