Дома Актуелно Кутињо со емотивно обраќање кон клубот и навивачите на Ливерпул

Кутињо со емотивно обраќање кон клубот и навивачите на Ливерпул

Новиот играч на Барселона, Фелипе Кутињо вечерва преку својот Инстаграм профил се обрати кон својот поранешен клуб, соиграчите, сопствениците и навивачите.

Во целост ви го пренесуваме неговото обраќање:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од моментот кога пристигнав во Ливерпул, јас и моето семејство се чуствувавме добредојдени.

На теренот и надвор од него, уживавме во убавината на овој клуб и неговите навивачи. За возврат, се надевам дека направив моменти кои носеа среќа на навивачите на Ливерпул.

Се преселив во Ливерпул, знаев за величината и историјата на клубот, но тоа што го научив во ова време е уникатното срце и душа на ова место кој има свој лик и карактер.

Го напуштам Ливерпул, бидејќи Барселона е мојот сон. Ливерпул беше сон кој беше доволно среќен  и му дадов пет години од мојот живот. 

Се надевам дека поддржувачите ќе сфатат дека изборот да се доживее нешто ново не е за намалување на нивното значење за мене или за значењето на клубот. Ништо нема да го намали тоа во моето срце.

Му посакувам на Јирген и тимот ништо друго освен радост и успех за остатокот од оваа сезона и после тоа. Ова е неверојатен тим кој постојано се подобрува и подобрува.

Има премногу луѓе на кои сакам да им се заблагодарам, но не можам да ги именувам сите поединечно.

Сите од клубот кои беа во мојот живот во Ливерпул – ќе ми недостигаат. Сопствениците, кои толку тешко се трудат да доведат до успех, на фудбалскиот персонал кој покажа верба во мене да ме доведе тука и да ме наградат за време на тоа патување, на моите неверојатни соиграчи, минати и сегашни, кои ми помогнаа да пораснам и да се подобрам како играч и личност, би сакал да ви кажам благодарам на сите вас. Ништо што сум го постигнал тука не би било можно без вас.

И конечно, на најважните луѓе во Ливерпул – навивачите на Ливерпул. Никогаш не можам да ви се заблагодарам доволно за она што ми го дадовте во ова време без разлика каде одам во светот. До крајот на мојот живот, јас секогаш ќе го чувам Ливерпул во моето срце. Вие, клубот и градот секогаш ќе бидате дел од мене.

You’ll never walk alone!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…