Како што наведува, англиски Мирор, францускиот стратег сериозно размислува за заминување од клупата на „Топчиите“ на крајот од оваа сезона, иако договорот со клубот го врзува до 2019. година.
Венгер како што се наведува, нема намера до крајот на договорот да остане во клубот. Изминатата сезона имаше силна желба да продолжи со работата и доби нов двегодишен договор, но работите очигледно се промениле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Па така, 68-годишниот Французин по повеќе од две децении би можел да го напушти Арсенал, а тој ќе го одбере и наследникот на клупата. Тоа ќе биде некогашниот играч за врска на клубот од „Емирати“, Микаел Артета, кој моментално работи како помошник на Пеп Гвардиола во редовите на Манчестер Сити.
Арсен Венгер на клупата на Арсенал е од 1996. година. Освои три титули во Премиер лигата, последната во 2004. година, и седум титули во ФА Купот и Комјунити Шилд.