Дома Останати Кошарка НБА Теодосиќ повторно го повреди стапалото

Теодосиќ повторно го повреди стапалото

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ ја обнови повредата на стапалото за време на синоќешниот натпревар помеѓу неговиот Клиперс и Оклахома Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Теодосиќ на почетокот на сезоната заработи поврда на стапалото поради која мораше да пропушти дури 22 натпревари, а тренерот на Клиперси Док Риверс не е голем оптимист.

„Ќе ја следиме ситуацијата од ден во ден. Утре ќе оди на детални прегледи па ќе видиме колку е сериозно. Искрено, не делува добро“, изјави Риверс после поразот на неговиот тим од 127:117.

Во досегашниот дел од сезоната Теодосиќ има просек од 25,7 минути, 9 поени и нешто повеќе од 5 асистенции по меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…