Дисциплинската комисија на УЕФА денес ги соопшти казните на Црвена Звезда и Партизан пред нивните натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа против ЦСКА односно Викторија Плзен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Звезда против рускиот претставник ќе игра без присуство на публиката, а во официјалната одлука на УЕФА е наведено и дека црвено-белите ќе мораат да платат 50.000 евра. Генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ најави жалба.
Да потсетиме, УЕФА Звезда ја обвинуваше за расистичко однесување на навивачите во текот на натпреварот во Белурсија на 23 ноември.
Кога е Партизан во прашање, во образложението е наведено дека против црно-белите е започната постапка и ќе мораат да платат парична казна од 30.000 евра поради влегувањето на нивните навивачи на теренот, користење на пиротехнички средства и блокирање на скалите на стадионот.