Дома Трансфер зона Милан понуди 15 милиони за шведски репрезентативец

Милан понуди 15 милиони за шведски репрезентативец

Италијанскиот гигант Милан покажува силен интерес за шведскиот репрезентативец Лудвиг Аугустинсон, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот Аугустинсон игра на левата бековска позиција и ова лето од Копенхаген се пресели во Вердер Бремен, каде настапи на 16 од 17 меча во Бундес лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Раководството на Милан е спремно да понуди 15 милиони евра и сака да го реализира трансферот до крајот на јануарскиот преоден рок.

Аугустинсон веќе има 14 настапи за шведската репрезентација, а со своите партии во Вердер го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…