Дома Фудбал Репрезентации Шведска без Елмандер во Русија, ветеранот стави крај на кариерата

Шведска без Елмандер во Русија, ветеранот стави крај на кариерата

Долгогодишниот репрезнетативец на Шведска одлучи да стави крај на својата кариера.

Јохан Елмандер се огласи преку својот Инстаграм профил и објави дека става крај на неговата кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој испрати благодарност до сите клубови за кои што настапувал, како и навивачите. Истакна дека е горд на својата кариера, но напомена и дека дошло времето да се повлече.

Елмандер најголема трага остави во Тулуз, Болтон и Галатасарај, од едноставна причина што во тие клубови ги помина најдобрите денови. Кариерата ја завршува на 36 години од клубот во кој ја започна својата кариера и кој го лансираше на големата сцена, Ергрите.

Кога се останатите клубови во прашање тој настапуваше за Фејенорд, Џунгарден, Бреда, Норвич и Брондби.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Левандовски доби прашање дали ја напушта Барселона, а тој даде мистериозен одговор

Роберт Левандовски конечно прозборе за неговата иднина во Барселона, но наместо јасен одго…