Дома Фудбал Останато „Тајмс“ ексклузивно пренесува: Челзи го сака Диего Симеоне!

„Тајмс“ ексклузивно пренесува: Челзи го сака Диего Симеоне!

simeone

Реномираниот англиски медиум „The Times“ пренесува навистина интересна вест.

Наводно Челзи како замена за Антонио Конте го сака тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клубот всушност и нема намера да го отпушти Конте, но во поглед на трансферите и менаџментот, постои очекување до двете страни да дојде до спогодбена разделба на лето.

Италијанецот потпиша нов договор минатото лето, но не ја продолжи неговата важност, па после оваа сезона ќе има само уште една година.

Токму поради тоа Челзи бара алтернатива, а Симеоне како што пишува „Тhe Times“ e на врвот на нивните желби.

Постојат информации дека Конте имал листа на посакувани трансфери во текот на летото која не била испочитувана и дека поради тоа бил незадоволен. Поради тоа негово заминување од „Стенфорд Бриџ“ и не е невозможно. Како ниту доаѓањето на Симеоне кој во Премиер лигата би добил шанса да работи на нов предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…