Дома Фудбал Италија Кошмар за „Михајловиќ“, Марио Манџукиќ го и трет пат „кобен“ за Србинот!

Кошмар за „Михајловиќ“, Марио Манџукиќ го и трет пат „кобен“ за Србинот!

Jувентус неодамна го совлада Торино во градското дерби со 2:0 и така се избори за пласман во полуфиналето во Купот на Италија.

„Старата дама“ славеше со головите на Даглас Коста и Марио Манџукиќ, а по овој натпревар Синиша Михајловиќ остана без работа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е што за Михајловиќ ова е трет пат да добива отказ по голот на Хрватот.

Имено, Манџукиќ прв пат му „пресуди“ пред четири години во квалификациите за Светското првенство во Бразил. Манџукиќ беше стрелец во победата 1:0 на Максимир против Србија, а после тој натпреар Миха беше отуштен.

Истото му се случи пред три години кога Михајловиќ седеше на клупата на Милан. „Старата дама“ пристигна на „Сан Сиро“ со Хрватот во врвот на нападот, домаќинот поведе, но Марио погоди за изедначување по што следуваше пресврт, Милан загуби, а на Србинот му беше покажана излезната врата.

Последната ситуација се случи во средата со голот на Марио за 2:0 против Торино со што му обезбеди на Јувентус полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…