Дома Фудбал Англија Клоп: Ако кажам нешто за Кутињо, само ќе создадам проблеми!

Клоп: Ако кажам нешто за Кутињо, само ќе создадам проблеми!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека Филипе Кутињо ќе го пропушти утрешниот меч од ФА Купот против Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Официјално клубот тврди дека Брзилецот се рехабилитира од повреда, но медиумите пренесуваат дека Кутињо чека трансфер во Барселона и нема намера повеќе да игра за „црвените“.

„Мислам дека Кутињо ќе биде на располагање за дуелот со Манчестер Сити“, изјави Клоп, но не сакаше да коментира ништо за евентуалниот трансфер.

„Што и да кажам во овој момент само ќе направам проблеми. Немам ништо што да кажам за таа тема. Ништо што ќе кажам нема да помогне ни на мене, ни на клубот“, изјави Германецот.

Клоп исто така потврди дека Мохамед Салах ќе го пропушти мечот со Евертон, додека новото засилување Вирџил ван Дијк ќе му биде на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Македонските претставници ги дознаа своите противници за стартот на квалификациите во Конф…