Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Вирџил ван Дијк најверојатно ќе дебитира за Ливерпул во градското дерби против Евертон во рамките на ФА Купот, пренесуваат англиските медиуми.
Неговата документација веќе е комплетирана после трансферот од Саутемптон „тежок“ 75 милиони фунти, па Ван Дијк ќе му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ван Дијк најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата, а неизвесни за дуелот се уште Мохамед Салах и Садио Мане. Двајцата ќе бидат во Африка на доделување награди, па Ливерпул им обезбеди приватен авион.
„Кај нас играат двајца од тројцата најдобри фудбалери од Африка, па ние сме должи да го почитуваме нивниот специјален ден. Единствената разлика е што останатите играчи ќе спијат во хотел, а тие во авион“, изјави Клоп.
? Behind-the-scenes at Melwood.
Watch extended footage of @VirgilvDijk's first #LFC training session only on @LFCTV GO ? https://t.co/Sc49obxCCg pic.twitter.com/10ZbL0TCeq
— Liverpool FC (@LFC) January 3, 2018