Дома Топ вести Фото: Баерн би можел да извиси, Германецот со само еден „лајк“ крена огромна прашина!

Фото: Баерн би можел да извиси, Германецот со само еден „лајк“ крена огромна прашина!

goretzka

Потегот на Германската ѕвезда предизвика од огромно внимание од фудбалската јавност.

Имено, Леон Горецка е еден од најбараните фудбалери во преодниот рок. Одличниот 22 годишден фудбалер нема да го продолжи договорот со Шалке кој му истекува на крајот од сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, а германски „Билд“ неодамна пишуваше дека гигантот од Минхен веќе има постигнато договор со одличниот фудбалер.

Меѓутоа еден негов мал потег, поточно фотографија придонесе навивачите на Ливерпул да очекуваат ново големо засилување.

Од претходно е познато дека Клоп е љубител на стилот на игра на својот сонародник, а англиските медиуми пишуваа и дека „црвените“ се спремни да платат 40 милиони евра веднаш во јанаури, тоа на Шалке сигурно му одговара повеќе отколку да го изгуби на лето без ниту цент оштета.

Поради тоа и тоа како се следи секој потег на фудбалерот, па така големо внимание привлече „лајкот“ кој го стави Германецот на една фотографија на Инстаграм.

Имено станува збор за фотографија на која се наоѓа менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

goretzka

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…