Дома Луд Спорт РАЏА СТАЈЛ: Наинголан пие, пуши и пцуе!

РАЏА СТАЈЛ: Наинголан пие, пуши и пцуе!

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан „лумпуваше“ за новогодишната ноќ, па видеото од прославата стана хит на интернет.

Од порано е познато дека Наинголан пуши цигари, па имаше проблеми со селекторот, а за новогодишната ноќ додаде алкохол и цигари.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


На снимката од дочекот се гледа како Белгиецот пие, пуши и пцуе, а најлошо од се е што својата мала ќерка ја тераше да пали огномет.

Ваквото однесување ги разочара челниците, но и навивачите на Рома, па Наинголан следниот ден упати извинување.

„Жал ми е поради се што се случи. Јас сакам добро да се забавувам за Нова година, но синоќа навистина претерав. Не сакав да бидам негативен пример и чувствувам потреба да се извинам поради своите зборови и однесување“, напиша Наинголан на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Албански навивачи упаднале во хотелот каде се сместени српските фудбалери

Непријатна ситуација се случи во Аугсбург, односно во хотелот „Максимилијан“ во кој се сме…