Вчера против Сасуоло, Един Џеко одигра сосем добар дуел. Асистираше за единствениот погодок, со оглед на тоа дека „Волчицата“ одигра 1:1, иако беше голем фаворит.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Рома, Еусебио Де Франческо им даде слободен ден на играчите и покрај разочарувачкиот резултат. Един тоа го искористи да отиде до Хрватска, каде синоќа присуствуваше на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Дубровник.
Фотографиите од насмеаниот Џеко ги налути навивачите на Рома. Исфрустрирани со фактот дека е насмеан и опшуштен и јасно му порачаа:
„Зар ти е до смеење? Подобро да размилуваш за постигнување погодоци, а не за забава“.
Џеко можеби навистина е во криза, но очигледно и навивачите на „Римската волчица“ брзо заборавија што се тој стори изминатата сезона кога беше неприкосновен.
