Откако таткото на Еден Азар јавно призна дека неговиот син нема намера да го продолжи договорот со Челзи бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид, веднаш се запали алармот на „Стенфорд Бриџ“.
Актуелниот договор на белгискиот репрезентативец истекува во 2020 година, но Челзи уште сега прави планови како да ја задржи својата најголема ѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британски „Телеграф“ денес објави дека „сините“ ќе му понудат 100% зголемување на платата, па доколку се согласи да потпише, Азар наместо досегашните 150.000 фунти, неделно ќе заработува неверојатни 300.000 фунти.
На тој начин Белгиецот ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата и ќе го собори рекордот на Погба кој на „Олд Трафорд“ неделно заработува 290.000 фунти.
Ваквите информации воопшто нема да му се допаднат на Реал Мадрид, кој не е спремен да на Азар да му понуди толкава плата.
Поради тоа денес „АС“ објави дека Флорентино Перез на списокот има 5 имиња, покрај Азар, а тоа се: Нејмар, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Мауро Икарди.