Тимот на Милан во деншниот натпревар против Фиорентина ремизираше 1:1.
Овој натпревар за младиот голман Џанлуиџи Донарума беше 100 во дресот на „росонерите“ иако има само 19 години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За жал, не го обележа со победа, а италијанските новинари и понатаму најмногу ги интересираше дали тој ќе остане во Милан.
„Имам договор на четири години и среќен сум тука“, порача Донарума.
Кога во прашање е деншниот натпревар во Фиренца, младиот голман не е незадоволен со конечниот епилог.
„Добро реагиравме по примениот погодок и се изборивме за изедначување. Навистина е прекрасно да одиграте 100 натпревари за Милан“, истакна Донарума.