Дома Фудбал Останато Видео: Српското „чудо од дете“ ја „заби“ главата во стативата, страшна повреда на рекордерот од ЛШ!

Видео: Српското „чудо од дете“ ја „заби“ главата во стативата, страшна повреда на рекордерот од ЛШ!

svilar

Миле Свилар 18 годишниот голман на Бенфика не го одигра до крај натпреварот од Лига купот против Виторија Сетубал (2:2).

Во 30 минута од натпреварот, Виторија имаше корнер на десната страна, топката беше уфрлена пред голот. Пациеца од само неколку метри со глава ја упати топката кон голот, а Свилар со одлична одбрана го спаси својот гол, но и се удри во стативата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова го искористи голманот на Виторија кој со глава ја смести топката во празната мрежа, додека Свилар лежеше на теренот. Веднаш потоа му беше укажана помош и продолжи да брани, но не можеше да издржи, па седум минути подоцна беше заменет.

 

svilar

Свилар во натпреварот против Манчестер Јунајтед сруши неколку рекорди во Лигата на шампионите.

Прво стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите со што го сруши 18 години стариот рекорд на Икер Касиљас.

Две недели подоцна на „Олд Трафорд“ му одбрани пенал на Ентони Марсијал и така на 18 години и 65 дена стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите кој одбранил пенал во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …