Дома Кошарка Антиќ со пет поени придонесе за нови бодови на Црвена Звезда во Евролигата

Антиќ со пет поени придонесе за нови бодови на Црвена Звезда во Евролигата

Црвена Звезда славеше нова победа во Евролигата, против Милано со 91:88.

Нашиот Перо Антиќ постигна пет поени по нешто повеќе од 20 минути минати на паркетот.

Црвено-белите го контролираа резултатот во текот на целиот меч, иако во еден момент Милано израмни на 83:83.

Во поразениот табор најефикасен беше Мицов со постигнати 16 поени, додека кај Црвена Звезда тоа беше Фелдејн со 19 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Три светски злата за Хрватска: Во Риека медали во шест од седум дисциплини

Хрватските бочари го завршија домашното Светско првенство со шест одличја, а Марино Милиќе…