Првиот стрелец во Премиер лигата, Хари Кејн е под знак прашање за дуелот против Свонси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За ваквите информации пристигна потврда и од тренерот, Маурисио Покетино, иако сите сепак се надеваат дека овој фантастичен напаѓач ќе биде подготвен за дуелот со Велшаните.
Кејн го пропушти тренингот, но и натаму не знае дали ќе заигра во вторник.
„Тој е дома, докторот беше кај него. Дали ќе биде подготвен за Свонси? Ќе видиме, не знам дали ќе биде достапен или не“, истакна менаџерот на Тотенхем.
Со оглед на тоа како игра Кејн, ќе биде вистински хендикеп ако не биде во составот на Спарси.