Дома Фудбал Останато Од јануари браќата Канаваро заедно во еден клуб!

Од јануари браќата Канаваро заедно во еден клуб!

Фудбалерот на Сасуоло, Паоло Канаваро започнува тренерска кариера и тоа како асистент на неговиот брат.

Канаваро веднаш после натпреварот од Серија А против Рома која се игра во сабота најави повлекување од активното играње фудбал. Имено, тој ќе се приклучи на кинескиот тим Гвангжу Евергранде каде што ќе работи како помошник на неговиот брат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имам големи амбиции и многу сум благодарен на управата на Сасуоло што ја почитуваше мојата одлука да започнам ново поглавје. Сасуоло е мој дом, сега кога го напуштам ќе работам со Фабио. Ќе ми недостасува играњето фудбал, но со нетрпение чекам да започнам тренерска кариера“, изјаво Паоло Канаваро за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…