Дома Топ вести Таткото на Азар го шокира Челзи: Еден одби нов договор поради Реал

Таткото на Азар го шокира Челзи: Еден одби нов договор поради Реал

Медиумските шпекулации се потврдија и Еден Азар навистина нема да го продолжи договорот со Челзи поради возможноста да ја продолжи кариарата во Реал Мадрид.

Тоа денес за белгиските медиуми го потврди таткото на фудбалерот, Тиери Азар: „Еден го одби новиот договор бидејќи разбра за интересот на Реал Мадрид каде би се вклопил одлично“, изјави таткото на Азар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Притоа, Тиери Азар ги демантираше шпекулациите дека веќе има постигнато договор со Реал Мадрид.

„Во овој момент немаме никаков договор. Еден е само една од страните, треба да видиме што мисли другата страна“.

Таткото на 26-годишниот Белгиец откри дека неговиот син му се восхитува на Реал Мадрид и сака еден ден да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Објавени и видеа: Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување

Лукас Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување. Претходно беше об…