Дома Топ вести Сега е јасно: Познато зошто Барса по Гризман ќе тргне на лето, а не во јануaри

Сега е јасно: Познато зошто Барса по Гризман ќе тргне на лето, а не во јануaри

Eкипата на Барселона на лето со сите сили ќе тргне по потписот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, пренесува „Марка“.

Сега по изјавата на директорот на Атлетико, Гил Марин јасно е зошто нема да се обидат да го доведат во јануари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, причината е цената. Според изјавата на Марин, заинтересираните клубови Гризман од 1 јануари 2018 година ќе може да го добијат за 200 милиони евра, додека неговата откупна клазула на лето ќе падне двојно помалку, односно 100 милиони евра.

„Атлетико не сака да го продаде Гризман, ниту во јануари, ниту сега. Доколку некој сака да го доведе во зимскиот преоден рок ќе мора да плати 200 милиони евра“, изјави директорот на клубот од Мадрид.

Ова значи дека Атлетико во продолжение од сезоната ќе има убиствен напад, со оглед на враќањето на Диего Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…