Дома Фудбал Официјално: Монтела е нов тренер на Севиља!

Официјално: Монтела е нов тренер на Севиља!

Како што беше и најавено, Винченцо Монтела е нов тренер на Севиља, потврди шпанскиот клуб!

Монтела неодамна доби отказ од Милан, но веднаш пронајде нов ангажман и денес потпиша договор со клубот од Андалузија до 2019 година.

Монтела во Севиља ќе го замени Едуардо Берицо кој доби отказ после серијата на слаби резултати.

Не е познато кои ќе бидат во стручниот штаб на Монтела, се очекува негов асистент да биде неговиот сонародник Енцо Мареска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле го предупреди Њукасл: Палас е ранет и ќе бара одговор

Двете екипи бараат излез од резултатската криза, а Њукасл на „Селхурст парк“ би можел да б…